Куманово

Почна сезоната на аерозагадување во Куманово

18.11.2023 15:57

Непријатна миризба и чад, повторно во Куманово. Граѓаните на почетокот на сезоната реагираат на загаден воздух. Аерозагадувањето го потврдуваат и параметрите на мерните станици. Од Државниот инспекторат за животна средина информираат одземени се две дозволи. Но посочуваат општинските инспектори мора да се на терен, а државата да го донесе правилникот за квалитет на огревно дрво...

Почна сезоната на загаден воздух во Куманово. Освен граѓаните кои реагираат чад и непријатна миризба во вечерните часови, и мерните станици покажуваат висока концентрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките кои се опасни по здравјето на луѓето.

Загадувањето е различно на неколкуте локации на кои што општината постави мерни станици. Лоша е состојбата пред основното „Кочо Рацин“, домот за стари лица „Зафир Сајто“ и техничкото „Наце Буѓони“. Куманово во неколку наврати беше град со најзагаден воздух во државата, но и во светот.

Од државниот инспекторат за животна средина информираат одземени се две дозволи за асфалтни бази. Загадувањето во Куманово сметаат е од горењето во домаќинствата и неквалитетно увезените возила. Посочуваат и дека општинските инспектори мора да им бидат достапни на граѓаните и да вршат чести контроли на сервисите кои работат со моторните возила.

„За жал во нашата држава не се донесе правилникот за квалитет на огревно дрво, заглави во министерствата. Сите оние кои прават трговија со дрва да имаат обврска најмалку шест месеци претходно дрвата да бидат на нивната локација да бидат суви пред да ги продаваат на граѓаните“, истакна Сретен Стојковски, директор Државен инспекторат за животна средина.

Изминатиот период во Куманово се работеше на озеленување и гасификација. Најголемиот загадувач кој се претпоставуваше дека е општата болница поради користење на мазут, веќе се затоплува на гас.

 

Елена Георгиевска