Почина последната ќерка на Винстон Черчил

02.06.2014 14:05

Таа беше најмалото од петте деца на Винстон и Клементина Черчил...

Последната жива ќерка на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, Мери Соумс почина во саботата на 91-годишна возраст, објави нејзиното семејство. Таа беше најмалото од петте деца на Винстон и Клементина Черчил.

Мери Соумс во текот на Втората светска војна служела во противвоздушната одбрана на британската војска во Лондон, Белгија и во Германија.

По повод 70-годишната од инвазијата врз Нормандија, премиерот Дејвид Камерон и оддаде почест за учеството во Втората сетска војна и потсети дека таа беше сведок на  некои од најважните настани од поновата британска историја.

Соња Стојановска