Финска

Финска затвори четири гранични премини кон Русија

18.11.2023 16:59

Финската влада од вчеравечер затвори четири гранични премини со Русија за да спречи влез на лица без соодветни документи кои бараат азил...

Финската влада од вчеравечер затвори четири гранични премини со Русија за да спречи влез на лица без соодветни документи кои бараат азил.

При обидот на поголема група мигранти да ја пробие границата, финската гранична полиција употребила и солзавец. Финска ја обвини Русија за промена на граничната политика и поттикнување на зголемениот прилив на нелегални мигранти, пред сè од Сирија, Јемен и Иран.

Ова е хибридно влијание што го создаде Русија, а клучен елемент е да се создаде паника, смета дел од финската експертска јавност.