Правда

Лога очекува ВМРО-ДПМНЕ да предложи претседател на работната група за измени на Законот за јавното обвинителство

18.11.2023 19:12

Лога преку соопштение и нуди можност на опозицијата да ја предводат работната група, задолжена за изготвување на овие измени преку предлагање на претседател на работната група...

Министерството за правда писмено преку соопштение и преку социјалните мрежи ги информира претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски за состанокот одржан во Министерството за измените на Законот за јавно обвинителство, каде било укажано дека постои потреба од подобрување преку носење законски решенија.

ВМРО-ДПМНЕ и покрај поканата не биле дел од состанокот.

Лога преку соопштение и нуди можност на опозицијата да ја предводат работната група, задолжена за изготвување на овие измени преку предлагање на претседател на работната група.