Битола

34-годишна жена од Битола се задушила во својот дом

18.11.2023 20:24

Како последица на труење од плин починала 34-годишна жена од Битола...

34-годишна битолчанка синоќа почина во својот дом. Според првичните информации од надлежните институции, се задушила во бањата со плин.

Семејството веднаш повикало итна медицинска помош, но без знаци на живот е префрлена во Клиничката болница.

Неуспешни биле обидите на лекарите за нејзина реанимација. Од полицијата велат дека нема видливи траги на насилство.

По наредба на обвинител извршена е обдукција што покажала дека таа се затрула со јаглен моноксид велат од битолската болница.