Демографија

Се повеќе празни куќи во Југоисточна Македонија

19.11.2023 13:20

Во последните две децении бројот на жители во Источниот регион е намален за околу 30 илјади. Намалување бележат сите 11 општини. Според податоците од последниот попис, во Брегалничкиот регион живеат нешто над 150 илјади жители. Процентуално, Зрновци – најмалата општина во државата според жителство, бележи најголем пад, дури 36 проценти во однос на пописот во 2002 година...

Во трите села во Општина Зрновци живеат 2.086 жители, за 1.600 помалку од пред две децении. Миграцијата, иселувањето и нискиот наталитет ги испразнија куќите.

Само 14 првачиња годинава се запишале во училиште во Зрновци, за девет помалку од пред неколку години.

Градоначалникот смета дека економскиот развој на општината може да го намали иселувањето.

Во последните две децении најмногу жители имаат загубено Кочани шест ипол илјади, Виница – пет ипол и Штип околу 3.000 жители. Во исто време бројот на станови во сите општини е зголемен за над 14 насто.

 

Славица Величковска