Временска прогноза
Сончево и студено, температурите до 13 степени
19.11.2023 08:16
Сончево и студено со мала, а во источните делови со умерена локална облачност...

Сончево и студено со мала, а во источните делови со умерена локална облачност. Претпладне ќе дува засилен северен ветер, кој во попладневните часови ќе слабее, а најдолго ќе се задржи долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.
