Куманово

Бројот на млади крводарители се намалува

19.11.2023 10:15

Мал е бројот на млади кои даруваат крв во Куманово, информираат од трансфузиологија. Сепак оваа здравствена установа засега располага со доволен број крвни единици...

Крводарители има, но просечната возраст се повеќе се зголемува. Бројот на млади крводарители е мал, а тоа веројатно се должи на глобалниот проблем миграцијата.

Од службата за трансфузиона медицина од Куманово информираат дека сепак располагаат со доволен број крвни единици. Велат задоволува бројот на повозрасни крводарители од североистокот.

„Зимските месеци зголемена е побарувачката за крв поради операциите, додека во летните месеци пак има почести сообраќајки, но сепак имаме доволно крв“, посочи доктор Дритон Биљали, од службата за трансфузиологија Куманово.

Во последните три години во Куманово се собираат до 1.200 крвни единици.

„Последен благ недостиг имаше за време на пандемијата, поради неможноста да се организираат акции, школите беа затворени, но и тој проблем бргу се надмина“, вели Биљали.

Крвта појаснуваат од установата се испитува за одредени заразни болести. Ако дарителот е негативен се произведуваат други компоненти на крв, по што се дистрибуира.

 

Елена Георгиевска