Улогата на тон-мајсторот во театарската претстава
Театарот и музиката се нешто неодвоиво. Ако режисерот ја има приказната, уметничкиот дел му припаѓа на актерите, амбиентот на сцената е дело на тонските и светлосните ефекти. Тон-мајсторот на Битолскиот народен театар Николче Терзиевски вели музичката подлога и театарот се посебен танц на оваа древна уметност...

На сцената публиката ги гледа актерите, но за да претставата визуелно побогато се доживее подеднакво важна техничката поддршка. Покрај светлосните значајно место заземаат и музичките ефекти. Тон-мајсторот Николче Терзиевски вели музиката и театарот се еден посебен танц на оваа уметност.
Музичката подлога вели ја диктира соодветната сцена и жанрот на претставата.
За да нема киксови соработката помеѓу актерот и тон-мајсторот треба да биде издигната до совршенство.
Таа скриена меѓусебна поддршка најчесто е знаковна или звучна.
Битолскиот тон-мајстор додава дека претставата е жива материја со постојано нови моменти. Концентрацијата мора да биде максимална бидејќи при евентуална грешка на штиците што живот значат нема враќање назад.
Стевче Митревски
