Украина

Продолжува војната со дронови и битките на копно

19.11.2023 11:48

Втора ноќ по ред Киев е цел на серија руски напади со беспилотни летала-соопшти градската управа...

Втора ноќ по ред Киев е цел на серија руски напади со беспилотни летала-соопшти градската управа. Украинската одбрана успеала да собори околу 10 дронови над и во околината на градот. Од друга страна, Русија тврди дека соборила дрон што се движел кон Москва. На терен копнената офанзива продолжува. Киев тврди дека напредува во регионот Херсон. Претседателот Зеленски изјави оти планира да ја зајакне воздушната одбрана. Се надева дека сојузниците од Европа ќе му помогнат пред зимата. Во меѓувреме, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе го блокира патот на Киев во ЕУ.

„Во месеците што следат до европските избори се соочуваме со сериозни политички борби. Дебати за буџетот во Брисел и нашата задача е да го исправиме погрешното ветување, дека преговорите со Украина ќе почнат, бидејќи Киев сега е светлосни години оддалечен од ЕУ“, изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија.