Исланд
Исланд во очекување на вулканска ерупција
19.11.2023 11:49
Ерупцијата на вулканот што татне под полуостровот Рејкјанес на Исланд би можела да ја остави земјата без струја...

Ерупцијата на вулканот што татне под полуостровот Рејкјанес на Исланд би можела да ја остави земјата без струја.
Во обид да ја спасат геотермалната централа во југозападниот дел на земјата, властите почнаа со изградба на голем насип кој ќе овозможи заобиколување на лавата околу објектот.
Во евакуираниот град Гриндавик се слушаат страшни звуци од земјата, додека зголемената сеизмичка активност алармира за можно приближување на времето на ерупција. Досега се регистрирани над 800 потреси.
