Фудбал – СП Бразил 2014

Дал Боске трпелив со Коста, Ван Гал со искусен напад!

31.05.2014 14:12

Иако крајниот рок истекува на 2 јуни, Висенте Дел Боске и Луи ван Гал одлучија кои 23 тројца фудбалери ќе бидат дел од мундијалската магија. Шпанскиот селектор Дел Боске ризикува и во составот го вклучи Диего Коста иако лекарските проценки не се оптимистички. Дел Боске е трпелив и ќе чека натурализираниот Бразилец да заздрави. Со него во нападот ќе бидат Торес и Виља што значи дека од конкуренција отпаднаа Љоренте, Негредо и Навас.

Иако крајниот рок истекува на 2 јуни, Висенте Дел Боске и Луи ван Гал одлучија кои 23 тројца фудбалери ќе бидат дел од мундијалската магија. Шпанскиот селектор Дел Боске ризикува и во составот го вклучи Диего Коста иако лекарските проценки не се оптимистички. Дел Боске е трпелив и ќе чека натурализираниот Бразилец да заздрави. Со него во нападот ќе бидат Торес и Виља што значи дека од конкуренција отпаднаа Љоренте, Негредо и Навас. Во дефанзивата, Хуанфран доби предност пред Карвахал, а место нема и за Итураспе затоашто Коке одигра одлична сезона.

Кога веќе мораше да го прифати остуството на повредениот Ван дер Варт, холандскиот предводник Ван Гал немаше многу дилеми кои седум имиња ќе бидат  избришани од поширокиот список од 30 фудбалери. Меѓу нив нема големи ѕвезди, но стратегијата на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед е со млади и фудбалери од домашното првенство да биде конкурентен на Светскиот шампионат. 10 фудбалери играат во Холандија, шест во Премиер лигата, најискусните се од нападот и од средниот ред, па Кајт има 98, Снајдер 97, Ван Перси 83, Робен 73, Де Јонг 68 и  Хунтелар 61 репрезентативен настап.

Судбината и по четири години ги спои Шпанија и Холандија коишто со меѓусебен дуел на 13 јуни во сСалвадор ќе ја отворат Групата Б во којашто уште се и Чиле и Австралија.