Совет на обвинители

Димитриеска: Нема влијанија врз Советот при изборот на обвинители

19.11.2023 12:18

Нема влијанија врз Советот на обвинители при одлуките за избор или унапредување на обвинителки-тврди новоизбраната претседателка Душица Димитриеска. Во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека секој гласа по сопствено убедување. Иницирала и промена на етичкиот кодекс...

Нема никакви влијанија врз Советот при изборот на нови обвинители, тврди новата претседателка на Советот на јавни обвинители. Откако блиски роднини на поранешни и актуелни функционери ја облекоа обвинителската тога, Душица Димитриеска во интервју за Радио Слободна Европа потенцира дека кандидатите ги исполнувале условите, дека поседуваат квалитети и успешно ќе одговорат на задачите. Димитриеска иницираше и промена на етичкиот кодекс, со што се оневозможува коментирање на одлуките на етичкиот совет, но јавните обвинители треба да внимаваат на личниот и професионален углед и на угледот на Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители.

Неодамна обвинителката Ленче Ристовска, која двапати беше одбиена за унапредување, остро ја критикуваше работата на Советот, велејќи дека е извор на тргување со влијание и дека треба да се реформира. Ваквата изјава беше препратена на мислење во етичкиот совет при Јавното обвинителство да се увиди дали евентуално се коси со етичкиот кодекс, но Димитриеска посочува оти сè уште немаат добиено никакво мислење. По критиките во најновиот извештај на Европската комисија за правосудниот систем, остри преписки на релација министерот за правда – Јавно обвинителство.

Откако Лога јавно ги обелодени аномалиите, од Обвинителството со појаснување дека роковите за истрага се инструктивни, ажурноста не е доведена во прашање. Првиот човек во правда со писмена понуда до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и координаторот на пратеничката група во Собранието да достават предлог за претседател на работната група задолжена за подготовката на измените на Законот за јавното обвинителство. Од опозициската партија засега без одговор.

 

 

Милчо Велески