Македонија
Планинар почина на Пелистер, телото пронајдено на околу 2.000 метри надморска височина
19.11.2023 14:49
На Пелистер, кај месноста „Ловечка куќа“ на надморска височина од 2 илјади метри е пронајден починат планинар. Според првите сознанија, се работи за повозрасно лице од Скопје...

На Пелистер, кај месноста „Ловечка куќа“ на надморска височина од 2 илјади метри е пронајден починат планинар. Според првите сознанија, се работи за повозрасно лице од Скопје.
Во координација со полицијата, Центарот за управување со кризи веднаш ја извести Дирекцијата за заштита и спасување од Битола да го ангажираат тимот за интервенции во планински услови и телото на починатото лице да го транспортираат до првото место каде што може да дојде возило на итна медицинска помош, за да го преземе.
Екипа на МВР треба да изврши увид.
