НБА – плеј оф

Четврто финале по ред за Мајами!

31.05.2014 14:13

Трета сезона во низа Мајами  е подобар од Индијана во финалето на источната конференција. 117:92 за „Хит“ којшто ќе ја брани титулата откако со 4:2 беше подобар од „Пејсерс“. Домашните кошаркари знаеја дека по брејкот во вториот дуел, не смеат да ја вратат серијата со мајсторка во Индијанаполис и затоа беа дополнително мотивирани.

Мајами доминираше во текот на целиот натпревар и во финишот на третиот период имаше највисока разлика од 37 коша. Леброн Џејмс и Крис Бош реализираа по 25 поени со тоа што „Кралот“ имаше и 6 асистенции и 4 скока, додека првиот центар собра осум топки под обрачите.

Кај Индијана, којашто последен пат во големото финале играше пред 14 години, најрасположен беше Пол Џорџ со 29 коша и 8 скока.

Постои варијанта ланското финалето да биде репризирано, доколку на „истокот“ Сан Антонио биде поуспешен од Оклахома. „Спарси“ водат со 3:2 и првата меч топка ќе ја имаат ноќта што престои на гостувањето во Оклахома Сити.