Бугарија

Невреме во Бугарија, две лица загинаа

19.11.2023 17:00

Во силно невреме кое ја погоди Бугарија загинаа две лица. Поради силните ветришта кои носеа се пред себе, корнеа дрвја и покриви, прогласена е вонредна состојба во Варна...

Во силно невреме кое ја погоди Бугарија загинаа две лица. Поради силните ветришта кои носеа се пред себе, корнеа дрвја и покриви, прогласена е вонредна состојба во Варна.

Голем дел од областа остана и без електрична енергија. Обилните врнежи од дожд, а наместа и од снег дополнително ја отежнаа работата на итните служби.

Властите ги повикаа жителите да останат во домовите доколку немаат итни потреби. На југоистокот на земјата, десетици автомобили останаа заглавени на патот од Бургас кон Малко Трново во областа на граничниот премин со Турција поради паднати гранки и сообраќајни знаци, како и снег.