Сараево

Столтенберг пристигна во Сараево, во вторник доаѓа во Скопје

19.11.2023 19:53

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вечерва пристигна во Сараево со што почнува неговата неколкудневна турнеја низ земјите од Западен Балкан...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вечерва пристигна во Сараево со што почнува неговата неколкудневна турнеја низ земјите од Западен Балкан. Вечерва е најавена негова работна вечерва со членовите на Претседателството на БиХ.

Утре ќе има разговор со високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит, по што ќе се сретне со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто. Потоа е предвидено тој да се обрати и пред медиумите.

Потоа ќе ја посети Србија каде треба да се сретне со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, а турнејата ќе ја заокружи со дводневна посета на Северна Македонија.

Според најавите, Столтенберг во Скопје треба да пристигне во вторник, 21 ноември.