Временска прогноза
Наутро студено, преку денот сончево
20.11.2023 08:04
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец...

Утрото студено, преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3 степени, а максималната ќе достигне 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец.
