Роџерс победнички на Монте Ѕонколан
Наиро Кинтана ја „преживеа“ и последната исклучително тешка и исцрпувачка етапа на Џиро Д,Италија! Пред 24 годишниот Колумбиец се отвора победничкиот хоризонт, бидејќи исклучително мали се шансите во утрешното завршно возење да биде загрозен неговиот примат. Но, вистинскиот херој на 20-та етапа е Мајк Роџерс.Времешниот, 34 годишен Австралиец имаше впечатливо возење на делницата долга 167 километри од Маниаго до, во светот на велосипедизмот „легендарниот“ успон во Алпите, врвот Монте Ѕонколан.

Во завршните 3 километри со перманентна нагорнина која достигнува и до 22%, Роџерс го даде најдоброто од себе и го постигна најголемиот успех во кариерата, бидејќи да се победи во етапата со цел на Монте Ѕонколан е сон на секој велосипедист.Со 38 секунди задоцнување на целта пристигна Италијанецот Франко Пелицоти. Трагичен јунак на оваа етапа е Италијанецот Франческо Бонџорно, кој во решавачките моменти од битката со Роџерс беше оневозможен од еден неодговорен гледач крај патеката! Бонџорни мораше да застане, го загуби ритамот и шансата да остане во игра до крај.
Наиро Кинтана од „безбедна“ дистанца ги следеше случувањата на патеката, задржувајќи ја рововата маичка и резултатската предност. Утре ќе се спушти рампата на 97-от Џиро Д,Италија. Последната 21-ва „рамничарска“ етапа е од Џемоне дел Фриули до Трст во должина од 173 километри. Со оглед на традиционалната формалност на завршното возење и „недостижната“ предност од над три минути на Колумбиецот Кинтана, веројатно уште пред да се појават контурите на Трст ќе почне да слави крајот на првата од трите легендарни трки во 2014 година, покрај Тур, Д,Франс и Вуелта.
Џиро Д,Италија-20 етапа
1.Мајк Роџерс(Австралија) 4:41.55 часа
2.Франко Пелицоти (Ита) + 0.38
3.Франческо Бонџорно (Ита) + 0.49
Генерален пласман:
1.Наиро Кинтана (Кол) -
2.Ригоберто Уран (Кол) + 3.07
3.Фабио Ару (Ита) + 4.04