Влада

Премиерот Ковачевски во посета на Прилеп

20.11.2023 08:31

Тие ќе го посетат ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп, каде е предвидено да се обратат премиерот Ковачевски и министерот Спасовски...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски ќе го посетат Прилепскиот регион.

Тие ќе го посетат ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп, каде е предвидено да се обратат премиерот Ковачевски и министерот Спасовски.

Како што најавуваат од владината прес-служба, премиерот Ковачевски и министрите Спасовски и Бочварски ќе одат на увид во реконструкцијата на улицата „Леце Котески“ во Прилеп каде ќе се обратат премиерот Ковачевски и министерот за транспорт и врски Бочварски.