Финансии

Предлог-буџетот за идната година во собраниска процедура

20.11.2023 08:52

Државната каса тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив. Според опозицијата, предлог-буџетот не носи развој...

Предлог-буџетот за идната година е доставен до Собранието и треба да биде разгледан на матичната Комисија за финансирање и буџет.

Државната каса тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив. Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, како и намирување на другите потреби на граѓаните и сервисирање на обврските на државата.

Расходната страна е проектирана на 343,6 милијарди денари или за 5,8 проценти повисока во однос на годинава, а приходите на 310 милијарди денари и се повисоки за 10 проценти.

Се очекува растот на економијата да биде 3,4 проценти, а стапката на инфлација е проектирана на 3,6 насто.

Според опозицијата, предлог-буџетот не носи развој.