НАТО

Столтенберг ја почна балканската турнеја, утре доаѓа во Скопје

20.11.2023 08:59

Во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со собранискиот спикер Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во парламентот...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја почна својата балканска турнеја. Пристигна во Босна и Херцеговина, по што ќе отпатува во Србија и Косово.

За утре е најавен и во земјава. Во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со собранискиот спикер Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во парламентот.

Вториот ден од посетата на Македонија, Столтенберг ќе го почне со билатерална средба со премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе учествува на неформалниот состанок на лидери на НАТО-сојузници од регионот, чиј домаќин е Македонија.