Свет
Франција, Германија и Италија со договор за регулирање на вештачката интелигенција
20.11.2023 09:07
Европската комисија, Парламент и Советот преговараат како Унијата да се позиционира во однос на вештачката интелигенција.

Франција, Германија и Италија постигнаа договор за регулирање на вештачката интелигенција и се очекуваат да се забрзаат преговорите на европско ниво.
Европската комисија, Парламент и Советот преговараат како Унијата да се позиционира во однос на вештачката интелигенција.
Во јуни, Европскиот парламент претстави „закон дизајниран да се избегнат ризиците од апликациите за вештачка интелигенција, но и дискриминацијата, истовремено искористувајќи ја иновативната моќ на вештачката интелигенција“.
