Сеул упати нови предупредувања до Пјонгјанг
Јужнокорејската војска го предупреди северниот сосед да ги прекине подготовките за лансирање шпионски сателит...

Јужнокорејската војска го предупреди северниот сосед да ги прекине подготовките за лансирање шпионски сателит. Тоа би значело прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН и провокација што ја загрозува националната безбедност на Јужна Кореја-велат од Сеул. На почетокот од годината Пјонгјанг имаше неуспешно лансирање воен сателит за извидување. Целта на севернокорејскиот лидер е да има систем за набљудување од вселената со кој подобро ќе ги надгледува САД и Јужна Кореја.
„Ја предупредуваме Северна Кореја веднаш да престане со подготовките за лансирање воен шпионски сателит. Ако продолжи со лансирањето, нашата војска ќе бара неопходни мерки за заштита на животите и безбедноста на нашите луѓе“, изјави Канг Хопил, главен директорат за операции при генералштабот на Јужна Кореја.
