Украина

САД ќе продолжи со поддршката за Киев

20.11.2023 11:44

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин во официјална посета на Киев. Ја пренесува пораката од САД за продолжување на поддршката на Украина...

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин во официјална посета на Киев. Ја пренесува пораката од САД за продолжување на поддршката на Украина.

Помошта од САД е повеќе од добредојдена во време кога во земјата се води засилена дебата за напредокот во 20 месечната војна и контраофанзивата на истокот и југот.

Зеленски побара брзи промени во операциите на украинската армија и најави разрешување на командантот на нејзините медицински сили. На фронтот и натаму најжестоки борби се водат околу источните градови Маринка и Авдивка во близина на Доњецк кој е под руска контрола.