мвр

МВР го потврди идентитетот на планинарот кој почина од срцев удар на Пелистер

20.11.2023 11:54

Телото на починатиот е предадено на обдукција...

МВР потврди дека 76-годишниот скопјанец, кој беше пронајден на Пелистер, во близина на планинарска куќа, на надморска височина од 2 илјади метри е планинарот за кој се верува дека починал од срцев удар. Смрт, без видливи траги на насилство констатирал лекар од битолската Итна медицинска помош.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. Тој не бил сам, туку со група планинари, кои се искачиле до местото викано „Љубовница“, на Баба Планина.

Неговите пријатели први побарале помош, но поради непристапноста на теренот, телото било преземено со хеликоптер.