ЈП Водовод и канализација – Скопје

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

20.11.2023 12:00

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола...

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 13.11.2023 до 17.11.2023 зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Концентрацијата на резидуалниот хлор во мрежата се движеше од 0.20-0.40 mg/l, се наведува во соопштението ЈП „Водовод и канализација“.