Ковач го скрати мундијалскиот список!
Откако поради повреди ги загуби Стриниќ и Крањчар, како и суспендираниот Шимуниќ, селекторот на фудбалката репрезентација на Хрватска, Нико Ковач веројатно и претходно ги знаеше 23-те фудбалери коишто ќе патуваат во Бразил, но го сочека пријателскиот дуел со Мали. Хрватите во Осијек ја совладаа африканската селкеција со 2:1, по што Ковач соопшти дека поради повреда од конкуренција отпадна и Бадељ, а со него вишок на списокот се и Пашалиќ и Чоп.

Разбирливо, иако поради црвен картон од квалификациите нема да игра на отворањето на мундијалот против Бразил на 12 јуни, главниот напаѓач Марио Манџукиќ е во составот. Покрај домаќинот и Хрватска во Групата А на Светското првенство се уште и Мексико и Камерун.