Турција
Загинати и исчезнати во силното невреме што ја зафати Турција
20.11.2023 14:04
Северозападна Турција зафатена од силно невреме со поројни дождови и поплави...

Северозападна Турција зафатена од силно невреме со поројни дождови и поплави. Девет лица загинаа, меѓу кои три се деца. Утрово е пронајдено и телото на еден од 12-те турски морнари кои беа пријавени за исчезнати во водите на Црно Море откако нивниот товарен брод потона во близина на брегот.
Спасувачките екипи успеале да спасат цел екипаж од брод кој пловел под знамето на Камерун и се распаднал во налет на силните бранови и ветрови од 140 километри на час.
