12 дена – 12 погодоци!
Колку што денови има до почетокот на 20-то Светско првенство во фудбал во Бразил, толку погодоци содржеше најефикасниот натпревар во историјата на мундијалите. 12 гола постигнаа Швајцарија и Австрија на шампионатот во 1954-та година. Австријците го совладаа домаќинот со 7:5.
Швајцарија е само втората репрезентација што на Светските првенства постигнала пет гола на еден меч, а сепак загубила. Тоа и се случи и на Полска којашто на мундијалот во 1938-та година беше поразена од Бразил со 6:5.

Најефикасно финале е она од 1958-та во Шведска, кога од седумте гола Бразил за титулата постигнаа пет против домаќинот Шведска кој ја тресеше мрежата на “Кариоките“ двапати.