Одбележување

Младите зборуваа, пратениците слушаа, одбележан Светскиот ден на детето

20.11.2023 14:54

Светски ден на детето под мотото „Секое дете , секаде, има право да живее во мирен свет“. Детска мудрост царува во законодавниот дом. Младите зборуваат, пратениците слушаат. 30 години од ратификацијата на Конвенцијата за правата на детето...

Децата на еден ден го преземаа Собранието и во улога на пратеници гласно зборуваа за проблемите со кои се соочуваат. И по три децении од официјалната соработка со УНИЦЕФ, децата во општеството немаат подеднакви права на образование, инклузија на деца со попреченост е сè уште предизвик, како и сиромаштијата и дискриминацијата. Од 3.209 предмети кај Народниот правобранител минатата година, 252 се однесувале на правата на детето. Биле поднесени околу 200 претставки.

Децата секогаш се први на удар и најчесто токму тие се жртви.

Спикерот Џафери изрази жалење од говорница што возрасните не изградиле побезбеден детски свет.

Иницијативата на децата пратеници е да се формира Национално Собрание на деца, кое ќе влијае на креирањето на политиките кои ги засегаат токму нив.

 

 

Александра Велинова