Нови инциденти во албанскиот парламентот
Најавената маратонска седница за буџетот заврши за пет минути поради тензичната атмосфера во којашто не изостанаа ниту физички напади, а имаше и употребата на димни бомби...

Нов инцидент во парламентот на Албанија. Најавената маратонска седница за буџетот заврши за пет минути поради тензичната атмосфера во којашто не изостанаа ниту физички напади, а имаше и употребата на димни бомби.
Опозициските пратеници на Бериша најпрво со столчиња ја блокираа говорницата, а потоа имаше и физичка пресметка со дел од гардистите. Претседателката на парламентот, Линдита Никола го стави на гласање Нацрт-буџетот, беше усвоен со 83 гласови од пратениците од мнозинството и на дел на опозицијата.
Блокот на Бериша објави дека и натаму ќе го блокираат Собранието, Рама коментира дека опозицијата го допрела дното.
