Уругвај со Суарез на СП!
Без разлика на повредата и операцијата на коленото, селекторот на Уругвај Оскар Табарез нема да оди на мундијалот без најдобриот стрелец и играч во Премиер лигата, Луис Суарез. Напаѓачот на Ливерпул е во составот од 23-цата фудбалери што ќе патуваат за Бразил. Заздравувањето на Суарез се одвива според предвиденото, но и да не биде подготвен за првиот дуел на Уругвај на 14-ти јуни против Костарика се очекува дека ќе може да и помогне на својата репрезентација во другите дуели од Групата Д против Англија и Италија.

Двајцата коишто испаднаа од списокот од 25 фудбалери се играчот за врска на бразилски Палмеирас, Себастијан Егуен и дефанзивецот на аргентински Ланус, Алехандро Силва.