Столтенберг денеска и утре во посета на Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска попладне пристигнува во дводневна посета на Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска попладне пристигнува во дводневна посета на Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан. Официјалната посета, како што е најавено, Столтенберг ќе ја започне во Владата проследена со заедничка прес-конференција со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар на НАТО, попладне ќе се обрати и пред пратениците во Собранието, во рамки на 132. седница, по што ќе биде примен од Претседателот Стево Пендаровски во неговиот Кабинет.
Во среда во Скопје ќе се одржи неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.
Столтенберг и Ковачевски, како што е најавено, ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија – премиерот Еди Рама, Република Хрватска – претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора – премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија – премиерот Роберт Голоб.
