УХМР

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

21.11.2023 09:14

До 7:30 часот минус еден степен е измерен во Скопје, кај Петровец и во Демир Капија, нула степени на Попова Шапка и во Тетово, Битола, Струмица, Прилеп, Велес...

Во Берово утрово е најстудено, минус три степени, а најтопло е во Дојран, шест степени, соопштуваат од УХМР.

До 7:30 часот минус еден степен е измерен во Скопје, кај Петровец и во Демир Капија, нула степени на Попова Шапка и во Тетово, Битола, Струмица, Прилеп, Велес, а еден степен во Куманово, Штип, Кавадарци и Крива Паланка.

Два степени се измерени во Охрид, во Скопје – Зајчев Рид, Маврови Анови и Гевгелија, три во Крушево и четири степени во Претор и Виница.