Тенис – Ролан Гарос

Ивановиќ во аут, Надал во осминафиналето!

01.06.2014 16:39

Изненадувањата на вториот тенски грен – слем, Ролан Гарос главно се резервирани за женскиот дел од турнирот којштозаврши за шампионката од 2008-ма, Ивановиќ која со двапати по 6:3 загуби од Сафарова. Иако веќе не е во врвот на светскиот тенис како во 2009-та кога го освои Париз, Кузњецова со 2:1 ја елиминираше петтата фаворитка, Квитова. Кузњецова и Сафарова ќе играат меѓусебе во осминафиналето.

Четврторангираната Халеп и препушти само три гема на Торо – Флор. Нејзина наредна противничка ќе биде  15-та фаворитка, Стивенс која славеше против Макарова со 2:0. Шестата  носителка  Јанковиќ рутински со 6:1 и 6:2 го одработи дуелот со Кирстеа и во четвртото коло ќе се соочи со финалистката од пред две години, Ерани. Сега како десета фаворитка Ерани со 6:0 и 6:1 ја декласираше Глушка.

За меѓусебна пресметка, Бертенс со 2:0 ја победи Еспиноза, а Петковиќ во три сета беше поуспешна од Младеновиќ.

Осумкратен шампион Надал кој во кариерата на земјата во Париз има само еден пораз, немаше проблеми против Маер, 6:2; 7:5 и 6:2. Лајовиќ со 3:0 беше подобар од Сок и во осминафиналето ќе се обиде да му се спротивстави на најдобриот во светот, Надал.

Петтиот фаворит, Ферер во три сета го совлада Сепи за дуел со Андерсон кој одигра само сет бидејќи Карловиќ се повлече поради болки во грбот.

Во четвртото коло, Гранољерс ќе игра со Раониќ затоа што со 3:1 триумфираше против Клижан.

Во пет сета Монфис го елиминираше Фоњини за осминафинална пресметка со Гарсија – Лопез кој исто така со 3:2 беше подобар од Јанг.

Маратон меѓу седмиот носител Мареј и Колшрајбер ќе продолжи утре. Веќе не се гледаше во Париз кога двајцата тенисери дојдоа до 7:7 во петиот сет. Поради темница прекинат е и дуелот во кој Вердаско води против Гаске со 2:0.