Собрание

Нова седница на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“

21.11.2023 09:51

ВМРО-ДПМНЕ смета дека има основи за политичка одговорност кај ексминистерот за здравство, Венко Филипче. Пратениците од опозициската партија посочија дека на клиниката од 2018 година не постоел стручен колегиум кој имал обврска да предлага до директорот...

Нова седница на Анкетната комисијата за скандалот во Онкологија. ВМРО-ДПМНЕ смета дека има основи за политичка одговорност кај ексминистерот за здравство, Венко Филипче.

Пратениците од опозициската партија посочија дека на клиниката од 2018 година не постоел стручен колегиум кој имал обврска да предлага до директорот, набавка на лекови и друг потрошен материјал. Власта со став,  не треба да се искажуваат паушални оценки, бидејќи целта на комисијата е да се открие вистината и ако се потврди, мора да има санкции.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на рокот за работа на анкетната е на дневен ред на собраниската седница.