Култура

Изложба „Спокој“ на Александар Стефановски

21.11.2023 10:39

На 23-ти ноември, четврток со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе започне музичко-театарскиот перформанс во организација на ликовниот уметник Александар Стефановским а во 20 часот и 30 минути ќе биде отворена изложба на слики, графики и цртежи. Ќе бидат изложени 24 дела.

Проектот е со наслов „Спокој“ а за истиот уметникот Стефановски даде свое објаснување.

„Музичко / Театарски перформанс како увертира на изложба е еден вид прераскажување на самата цел на изложбата во форма на различни интерпретации како: дијалог, глума, стенд-ап, џез пијано, виолина, гитара, соло пеење, арт перформанс и џез перкусии. Идејата е да со музика и глума се направи интересен увод во самата изложба и нејзината првична цел, истражување на различни стадиуми на спокојност и мир на душата. И затоа и самите платна и слики ќе бидат покриени со црна кеса за присутните да се концентрираат на уводот аудитивно за да уживаат по отворањето на изложбата визуелно. А, во визуелната конотација Спокојот се крие помеѓу контрастот на мирното и хаосот, помеѓу темното и светлото. Тоа е скриен момент на претчувство како дека нешто ќе се случи и дека нешто се исчекува во одложен момент на исчекување која страна ќе победи. Претставен со контрастот помеѓу текстурата (релјеф) и мазното (боена површина) за да и со допир (некои дела) или во контрастот се почувствува разликата помеѓу хаосот и мирот. Чувството на човекот пред да се смири или обратно. Затишје пред емоции или затишје после емоции во зависност како ќе си го доживее почитувачот на уметноста. Ако гледачот во тој даден момент е смирен ќе го восприма само мирниот дел од сликата (боена површина, светлото), а ако дојде со предвреме разгорени емоции ќе го доживее не-мирниот дел (релјефот, темното). Спокојот се крие во вечноста на мигот пред одлуката на која страна ќе биде повлечен субјектот кој гледа“, вели Стефановски.