Украина
Писториус во посета на Киев
21.11.2023 11:39
Неговата посета доаѓа во момент кога Русија ги интензивира воздушните напади на истокот од земјата...

По посетата на американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин и најавата за дополнителна помош од Вашингтон, во Киев ненајавено пристигна и германскиот министер за одбрана, Борис Писториус. Неговата посета доаѓа во момент кога Русија ги интензивира воздушните напади на истокот од земјата.
Две лица загинаа, а шест се ранети во регионите Херсон и Доњецк. Погодени се болница и рудник. Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека во текот на ноќта успеала да собори девет руски дронови.
