Фестивал

Отварање на 7-от Медиумски фестивал - Скопје

21.11.2023 12:39

Седмиот Медиумски фестивал Скопје ја вперува камерата кон корупцијата и улогата на медиумите во вечната антикорупциска борба.

Седмиот Медиумски фестивал Скопје ја вперува камерата кон корупцијата и улогата на медиумите во вечната антикорупциска борба. Како и секоја година, содржините и на ова фестивалско издание закажано од 21-ви до 23-ти ноември, се бесплатни.

Трите фестивалски дена носат интересни дискусии, но и богата филмска програма почнувајќи со македонската премиера на наградуваниот филм „Лекциите на Блага“, кој ќе се прикажува на 21-ви ноември во Кинотеката во Скопје. Во оваа морничава и напната драма пензионираната професорка Блага станува жртва на телефонска измама заради која останува без животната заштеда, по што добива примамлива, но сомнителна понуда за работа.

Фестивалското отворање, каде новинари од Македонија и соседството ќе разговараат за (не)моќта на медиумите да се справат со корупцијата како сеприсутен феномен, ќе се одржи во Кинотека, а следните два дена Медиумскиот фестивал Скопје се сели во просториите на Котур кафе.

 

 

 

Фото:/ МФС.Мк