Заврши првата меѓународна научна конференција за спорт
Во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид во текот на викендов се одржа Првата научна меѓународна конференција организирана од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје од Скопје. На дводневниот работен дел од овој научен собир учествуваа 130 научни работници од неколку високообразовни институции од земјава, од голем број земји претежно од регионот, но и пошироко од Европа, кои со своите презентации дадоа свој придонес во успешната организација.

Пред се, тука беа еминентните професори од Шпанија, Германија, Португалија и Словенија кои одржаа пленарни седници главно на спортски теми кои се меѓу клучните во развојот и постигнувањето на врвните резултати на спортистите на најзначајните натпреварувања. Покрај тоа, во презентираните научни трудови беа опфатени и најновите теоретски и практични сознанија за ефектите на физичката активност врз антрополошкиот статус кај децата, младите и кај возразните, како и нивна имплементација во физичкото и здравственото образование, спортската рекреација, кинезитерапијата, спортскиот менаџмент и други области. За угледот што нашата највисока научна образовна инститиуција го ужива во меѓународни рамки, потврдува и податокот дека меѓу високите гости и предавачи, беа присутни и шестмина декани на факултети од околните земји, со кои уште повеќе се продлабочува соработката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Како што потенцира деканот проф. д-р Вујица Живковиќ на свеченото затворање, финалниот документ со сите презентирани трудови и заклучоци ќе биде објавен деновиве во електронска верзија, а наскоро откако ќе бидат технички средени сите материјали ќе биде објавена и печатената верзија од оваа прва Научна конференција, за која интенциите се да стане традиционална.