ЈУНИОРСКИ ЕВРОСОНГ 2023

Успешна прва проба на Тамара Грујеска во Ница

21.11.2023 14:28

Јуниорскиот Евросонг во живо ќе може да го гледате на МРТ, во недела со почеток од 16 часот. Без разлика каде и да сте во светот, од петок, 24-ти ноември, може да гласате на официјалната страна на Јуниорскиот Евросонг jesc.tv...

Успешно завршена прва проба на нашата претставничка Тамара Грујеска, на годинешниот Јуниорски Евросонг.

Северна Македонија во недела, на 26-ти декември, во Ница ќе настапи шеста. Јуниорскиот Евросонг ќе го отвори Шпанија, минатогодишниот победник, Франција ќе настапи 12-та, а последни ќе настапат претставниците на Холандија.

„Првата проба помина одлично. Презадоволни сме од изведбата на Тамара, прекрасно и моќно звучи и одлично изгледа на сцената. Позитивните коментари што секојдневно ги добиваме на социјалните мрежи и воопшто тука, ни се доказ дека МРТ годинава направи одличен избор за Јуниорскиот Евросонг. Со нетрпение го очекуваме настапот во недела“, изјави шефот на делегацијата, Дијана Гогова Атанасова.

Јуниорскиот Евросонг во живо ќе може да го гледате на програмата на МРТ, во недела со почеток од 16 часот. Без разлика каде и да сте во светот, од петок, 24-ти ноември, може да гласате на официјалната страна на Јуниорскиот Евросонг jesc.tv каде што можете да ги погледнете кратките прегледи од земјите учеснички. Потоа имате право да гласате за тројца ваши фаворити вклучувајќи ја и својата земја.

Тамара Грујеска ќе настапи со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ чиј автор е Роберт Билбилов, микс и мастеринг Дарко Димитров и Роберт Билбилов, а текстот на Роберт Билбилов и Коста Петров.