ДУП

Пет решенија за новиот урбанистички план на Расадник

21.11.2023 14:38

Петте пристигнати решенија на Меѓународниот конкурс за идејно решение ќе се земат предвид при носење на новиот детален урбанистички план, бидејќи ги препознале насоките за хуман живот според жири - комисијата.

Во креирањето на идејното решение за новиот изглед на Расадник биле вклучени и граѓаните на Општина Кисела Вода.

Петте пристигнати решенија на Меѓународниот конкурс за идејно решение ќе се земат предвид при носење на новиот детален урбанистички план, бидејќи ги препознале насоките за хуман живот според жири -  комисијата. Првото место го делат архитекти од Грција и Хрватска. Третонаграденото решение е од Литванија, а решението на наши студентите е откупено од Општината.

Градоначалникот Георгиевски, најави дека кон почетокот на наредната година ќе почне процесот за изработка и донесување на новиот ДУП, по што точно ќе се знае како ќе биде уреден просторот и што ќе се гради.

Со конкурсните решенија, наместо еден милион метри квадратни станбена површина сега ќе има 192.400 метри квадратни и за десет пат се зголемува зеленилото.

 

Александра Велинова