Украина

Украина: Се одбележуваат 10 години од проевропското востание на Мајдан

21.11.2023 14:40

Украина одбележува десетгодишнина од масовните антивладините демонстрации на плоштадот Мајдан во Киев против тогашниот претседател Виктор Јанукови. Сите странските земји го препознаа фактот дека украинската револуција во 2014 година беше спонзорирана од странство, велат од Кремљ.Во посета на Киев претседателот на Европскиот совет Мишел а ненајавено пристигна и германскиот министер за одбрана, Писториус. На фронтот, интензивни воздушни напади на Истокот...

Украина одбележува десетгодишнина од масовните антивладините демонстрации на плоштадот Мајдан во Киев против тогашниот претседател Виктор Јанукович и неговите тесни врски со Москва. Во тримесечните протести загинаа над 100 лица, а речиси три илјади беа повредени. Украинскиот претседател Зеленски вели дека историски проевропското востание на Мајдан е првата победа во војната против Русија.

„Нашиот кандидатски статус и натамошните пристапни преговори секако треба да резултираат со полноправно членство на Украина во ЕУ. И сето тоа го правиме и покрај војната, кога нашиот народ се брани себеси и Европа. Имаме достоинство и нема да дозволиме нашата слобода да биде одземена“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.

Сите странските земји го препознаа фактот дека украинската револуција во 2014 година беше спонзорирана од странство, велат од Кремљ.

„Ние го нарекуваме „Мајдан“, но всушност тоа беше државен удар спонзориран од странство. Треба да ги нарекуваме работите со нивното вистинско име. Главната работа за нас е да ги постигнеме нашите цели и за таа цел продолжува специјалната воена операција“, изјави Димитриј Песков – портпарол на Кремљ.

Во знак на поддршка, претседателот на Европскиот совет Мишел во посета на Киев, а ненајавено пристигна и германскиот министер за одбрана, Писториус. Претходно американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин во Украина најави дополнителна помош во оружје во вредност од 100 милиони долари од постоечките американски резерви.

„Повторно сум овде за да ја дадам нашата поддршка, но и нашата солидарност. Се восхитуваме на храбрата и скапа борба што се води овде“, изјави Борис Писториус-министер за одбрана на Германија.

На фронтот, интензивни воздушни напади на Истокот. Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека во текот на ноќта успеала да собори девет руски дронови. Жртви и повредени во регионите Доњецк и Херсон.

 

Маријана Димовска