И на Барселона и се СЛУЧИ Фленсбург!
Како?....Изгледа германски?!...Независно, дали тимот е составен од нешто што можеби наликува на Европа во мало, веројатно менталитетот и начинот на функционирање во таа земја си го парави своето, којзнае?!

Како?....Изгледа германски?!...Независно, дали тимот е составен од нешто што можеби наликува на Европа во мало, веројатно менталитетот и начинот на функционирање во таа земја си го парави своето, којзнае?!
Важно, Барселона тимот кој веројатно и најголемите негови опоненти, гледаа како на најсериозен претендент за евро тонот успеа 6 разлика да прокоцка во само 10 минути. И тоа 10 минути, во кои не успеаа Лазаров и ѕвездената дружуна да ја пронајдат никако гол траекторијата. Покрај таквиот шутерски шок кој ги снајде Барса, сепак можеа да се извлечат, но голот во последната секунда на Гландорф ги однесе германците во продолженија. Откако и таму работите останаа на пата-пата следеше најнереалното, пенали. И тука малерот не ги помилува шпанците, па промашениот шут од седум метри на Карабатиќ ги чинеше елиминација шпанците и шансата од бркање на 8-миот европски трофеј.
Она што е извесно за денеска и до мај следната година, е дека и натаму власта на клупската ракометна континентална територија ќе остане германска. Прашањето овојпат е дали Кил или Фленсбург.
Кил до финалето стигна полесно од своите сонародници, елиминирајќи го резултатски 29:26 Веспрем, клубот преку кој шпанскиот шампион ќе бара утеха за европски пиедестал.
Кил и Фленсбург се лути бундеслигашки ривали кои годинава во домашниот шампионат имаат одиграно со една позитива за Кил и едно реми. Скорот досегашен меѓусебен е солидно на страната на Кил со 18 победи на сметка на 7-те на Флессбург. Ако се гледа и крајот на сезоната во најсилната ракометна лига во Европа германската, тогаш предноста е на страната на тамошниот шампион во името на Кил.
Но, ова е друг мегдан ова е сосема поинаква мотивација, пехарот на најпрестижните. Еднаш Кил успеа 2007-та да им го земе елитниот трофеј од раце на Фленсбург, дали вечерва ќе биде момент за одмазда?!. Кил до сега три пати ја има почуствувано победничката страст(таа 2007-ма првпат), Флензбург ја има шансата денеска, иако има три финалиња зад себе.
Келн, Лансес Арена, финале Лига на Шампиони, Кил-Флензбург 18 часот.
15:00, Барселона-Веспрем за трето место.
