Тренчевска: Мерките за ранливите категории граѓани се очекува да бидат донесен до крајот на неделава
До крајот на оваа недела се очекуваат да бидат донесени мерките за ранливите категории граѓани, изјави министерката Тренчевска. Тогаш точно ќе се знае кој се ќе биде опфатен и колкава ќе биде поддршката. Се работи и на решението за минимална пензија…

Кој сè ќе биде опфатен и колку месечна ќе биде поддршката со мерките за ранливите категории, ќе се знае до крајот на оваа недела, кога и се очекува Владата да ги усвои. Министерката Тренчевска не сакаше да лицитира кои категории пензии ќе бидат опфатени, но нагласи дека ќе бидат опфатени и други ранливи категории. Истакна и дека од работната група се веќе доставени предлози, поддржани да бидат особено пензионерите со ниски пензии. Се работи и на решението за минимална пензија, но, со оглед дека е комплексно, најверојатно нема да биде готово до крајот на овој месец.
Барањето за линеарно зголемување на пензиите според Тренчевска, е нереално. Смета дека засега пензискиот столб е стабилен и секоја интервенција може да влијае врз исплатата на пензиите.
Пензионерите не отстапуваат од барањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари и минимална пензија од 20 илјади денари. Изминатиов период организираа протести низ цела држава.
Ана Јосифоска Тодоровска
