Приштина
Пожар во Институтот за судска медицина на Косово
21.11.2023 17:31
Пожар зафати неколку канцеларии и дел од покривот на Институтот за судска медицина на Косово во Приштина...

Пожар зафати неколку канцеларии и дел од покривот на Институтот за судска медицина на Косово во Приштина.
Според косовската полиција, нема извештаи за повредени лица. Властите отворија истрага за целосно расчистување на случајот.
Институтот за судска медицина меѓу другото е одговорен за управување на форензичкиот систем во Косово, вештачење на јавните тела, вршење обдукции и помош и поддршка на семејствата на исчезнатите лица.
