Временска прогноза
Облачно со повремени врнежи од дожд
22.11.2023 07:58
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 7 степени, а максималната ќе достигне 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со слаба магла и со повремен слаб дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.
