Николовски во Берово ќе се приклучи во акцијата за пошумување „Ајде да пошумуваме заедно“
Акцијата ќе се спроведе на локацијата Будинарски рид каде овие денови се спроведува големата акција за пошумување...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со ЈП Национални шуми и градоначалникот на општина Берово, ќе се приклучат кон големата акција за пошумување – АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО.
Акцијата ќе се спроведе на локацијата Будинарски рид каде овие денови се спроведува големата акција за пошумување. Кон оваа акција на локацијата во Берово се приклучуваат учениците од средното училиште Орце Николов, Сојузот на извидници на Македонија и општествено одговорните компании КБ Пензинско друштво и Халкбанка.
Како што информираат од МЗШВ, планирано е пред почетокот на акцијата за пошумување, министерот Николовски да даде изјава за медиумите.
Во рамки на акцијата за пошумување министерот Николовски ќе го посети и Тодор Кацарски од Берово, еден од апликантите на програмата за проширена репродукција на шумите, преку мерката за пошумување на голини и заедно ќе извршат пошумување на приватно земјиште, како дел од акцијата за пошумување.
