Влада

Вицепремиерката Грковска ќе се обрати на работилницата „Институции за граѓаните“

22.11.2023 08:11

Настанот го организира Центарот за управување со промени, во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, кој се спроведува во соработка со Владата на Република Северна Македонија, а со поддршка од Владата на Обединетото Кралство...

Денеска ќе се одржи работилницата „Институции за граѓаните“, посветена на вредностите на доброто управување со јавната администрација. Настанот го организира Центарот за управување со промени, во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, кој се спроведува во соработка со Владата на Република Северна Македонија, а со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.

Како што информираат од владината прес-служба, воведни обраќања на овој настан ќе имаат Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство и Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени.

На настанот ќе се презентираат клучните вредности и стандарди што ја сочинуваат концепцијата на добро управување, а кои сега се вклучуваат како интегрален дел на работата на јавната администрација. Ќе биде претставен нов метод на планирање и следење на јавните политики преку јасни цели и мерливи индикатори, кој веќе е тестиран во секторите јавна администрација, земјоделство и економија.